• thumbnail_aleksandrakirovska

11.3.2019. – ALEKSANDRA KIROVSKA – GITARA – MUZIČKA AKADEMIJA U 19:30h

04. Mart 2019, at 12:47

G. Regondi- Etide no1

J. S Bah- Svita za lauta 995

– Prelude- Fugato

-Allemanda

– Sarabanda

L.Legnani- Variations op 30

H.V. Lobos- Preludium no5.

Theme froma “Secret garden”- arr. Aleksandra Kirovska

A. York- Hom

 

Алекандра Кировска е родена 19.6.2001 година во Скопје.Потекнува од музичко семејство и уште од најрана возраст покажува посебни афинитети и голема надареност за музика.Нејзиниот талент доаѓа до израз веке на 5 годишна возраст кога ги компонира првите кратки композиции.Исто така од 5 години се запишува во основното музичко училиште и почнува да изучува солфеж и пијано.За време на основното образование по пијано добитник е на државни и меѓународни награди.На 11 годишна возраст почнува со инструментот гитара .Од тогаш па се до сега настапува на голем број концерти,натпревари,семинари,мастер часови..Во 2017 на државен натпревар со електрична гитара е избрана за најдобар инструменталист-солист. Добитник е на први награди по солфеж и гитара на државни и меѓународни натпревари. .Некои аранжмани за гитара ги прави сама. Во 2017 и 2018 година одржува неколку солистички рецитали во Скопје и низ републиката, кои наидуваат на одлични критики.Моментално е трета година во ДМБУЦ” Илија Николовски Луј”Скопје во класа на проф Борче Наумоски.

Александра целосно,стамено, сугестивно,,импресивно го стави на увид збирот од носечките

компоненти за комплетна совладаност на концертната сцена, на психофизичкиот но пред се ,

на мемориско- изведувачкиот предизвик да се музицира во најсуштествениот сегмент кој што

се нарекува креативна интерпретација. Таа е во извонредна синхронизација со својата

изведувачка имагинација, со одличниот и култивиран степен на техницизам на спецификата нa

овој инструмент. И сето ова постигнато и достигнато само на 17 години. Непобитни фактори за

отворање на огромните можности кон едно ново музичко остварување ,Александра

најдлабоко во срцето е вљубеник во гитарата, свири со емоции, страст, со огромна посветеност

на музиката, со вдахновеност кон звукот што го создава во мигот.

Александра Кировска е уметник со одличен перформанс на сцената, која ќе го освојува уште

повисоко не само домашниот, туку и подалечниот музички свет. Да и ги отвориме можностите,

а резултатите ќе не радуваат .таа е гитарист кој сака може и знае да создава музика на својот

инструмент – гитарата

Васка Наумова Томоска- Музички критичар и публицистthumbnail_aleksandrakirovska